За нас

Рафаела работи од 1999 година и е креативно остварување како последица на искуство, умешност, посветеност и истрајност на вработените, а пред се на ентузијазам за нешто ново во нашиот град.

Рафаела е романтично место во кое можете да поминете убави моменти во друштво со најубавите слатки и торти во нашиот град. Место, каде во пријатна атмосфера можете да се подсетите на стариот и добар домашен вкус на слатки… профитероли, принц крофни, штангли…торти чоколадни, овошни, најразлични вкусови на мусеви и кремови, како и да го испиете највкусното утринско кафе…

Рафаела е и место во кое ќе ги најдете и најубавите свадбени, роденденски и свечени торти со прекрасни декорации, со стариот добар домашен вкус кој вашите свечени моменти ќе ги направи незаборавни…

Рафаела, тоа е едно големо семејство, тим од професионалци, кои Вие не ги гледате, ама кои секој ден вредно работат за да Вие се чувствувате прекрасно кај нас..

Рафаела е Вашиот “home made” вкус!

Дипл.инж. Анета Михајловска